Burcu Arik
13 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
КОЊА (АА) - Како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, денес во централната област Коња, издадени се налози за приведување на 70 војници кои се на служба во турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Коња се издадени налози за приведување на војници во служба на турската армија, врз основа на сведочењето на притворените офицери на армијата, изјавија судски извори кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Полицијата спроведе истовремени операции во 34 области низ земјата.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, а во 1980-тите години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции, за да изврши неуспешен обид за воен удар на 15 јули 2016 година, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.