Murat Kaya
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турското судство одреди мерка притвор за шест членови на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ донесени од Косово во Турција со операцијата на турската Национална агенција за разузнавање (MIT), под обвиненија „раководење со терористичка организација“ и „меѓународна шпионажа“, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничените Џихан Озкан, Кахраман Демирез, Хасан Хусејин Ѓунакан, Мустафа Ердем, Осман Каракаја и Sусуф Карабина се донесени во судот по нивното сведоштво во Секторот за тероризам и организиран криминал при Републичкото обвинителство во Истанбул.
Одлуката за притвор на осомничените е донесена од страна на Кривичниот суд во Истанбул.
Инаку, МИТ во соработка со косовксата разузнавачка служба на 29 март ги донесе во Турција шестте високи приврзаници на терористичката организација ФЕТО.