Zehra Nur Düz
27 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
АДАНА (АА) - „За време на антитерористичките акции организирани во Адана, Турција, приведени се девет лица“, соопштија безбедносните официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на неколкуте акции во Адана, приведени се девет лица за кои постоеше сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Се верува дека приведените лица биле активни во терористичката организација и регрутирале членови.
Повеќе од 300 лица загинаа во нападите во Турција за кои одговорноста ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
Турските безбедосни сили започнаа низа акции во склоп на борбата против ДЕАШ.