Mehmet Şah Yılmaz
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
АНКАРА
Турција остро го осуди тоа што властите во Грција со своите изјави ја испровоцира јавноста и го осуди тоа што беше дозволено да се запали турското знаме во Солун, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, упати писмен одговор во врска со реакциите во Грција против отворањето на Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за намаз.
Аксој рече дека Грција уште еднаш го покажала непријателството кон исламот и Турција под изговор дека прави реакција.
„Остро го осудуваме тоа што членовите на грчката влада и грчкиот парламент со своите непријателски изјави го провоцираа народот и го осудуваме тоа што беше јавно дозволено да се запали славното турско знаме во Солун“, нагласи тој.
Аксој подвлече дека разгаленото дете на Европа повторно е во заблуда, и додаде: „Ваквите расистички глави кои не ја добиле потребната лекција по историја, и страните кои покажуваат непочитување кон нашето славно знаме, треба добро да се сеќаваат на нивната судбина на Егејско. Грција треба да се разбуди од византискиот сон од кој не може да се разбуди веќе 567 години и да се ослободи од оваа фрустрација“.
Тој потсети дека Грција е единствената европска земја која го игнорира рушењето на историските џамии во своите територии, која во својот главен град нема џамии, и чии притисоци врз муслиманското-турско малцинство во земјата се регистрирани според одлуката на Европскиот суд за човекови права.
„Ниту една земја не може да и држи лекција на Турција во врска со користењето на својата национална сувереност. Големата џамија „Аја Софија“ кој се отвори за намаз врз основа на волјата на турскиот народ, е во сопственост на Турција како и другите културни објекти на нашата територија, и засекогаш ќе бидат наша сопственост и под наша заштита“, нагласи тој.
Според него, отворањето на Големата џамија „Аја Софија“ за намаз е во согласност со Конвенцијата на УНЕСКО од 1972 година за заштита на светските културни и природни наследства.
Аксој рече дека врз основа на посветеноста и традицијата на толеранција на Турција кон сите верски права и слободи, Големата џамија „Аја Софија“ која е светилиште на религијата на мирот, исламот, која своите раце ги отвора за сите религии, и понатаму ќе продолжи да биде отворена за сите.