Meriç Ürer
12 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
ИЗМИР (АА) – Терористот на ПКК/КЏК, Делил Хисо, по потекло од Сирија, кој учествувал во бомбашкиот терористички напад врз зградата на Судот во Измир во 2017 година, во кој загина полицаец, лишен е од слобода, соопшти Обвинителството во Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористот Делил Хисо, чие кодно име е „Делил Азо“, уапсен е во операцијата што е спроведена на 4 октомври, а осомничен е дека на извршителите на терористичкиот напад врз зградата на Судот во Измир, извршен на 5 јануари 2017 година, порано на подрачјето на градот Мардин им доставил и предал составни делови за експлозивна направа, вклучително и експлозив.
Утврдено е дека учествувал во уште три бомбашки и во еден вооружен напад во 2015 година, меѓу кои и напад врз оклопно полициско возило.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европска Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.