Durmuş Genç
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
МУГЛА (AA) – Во западниот турски град Мугла денеска е одржан 11. Меѓународен маратон во пливање на отворено море, јавува Anadolu Agency (AA).
Маратонот во пливање е организиран со поддршка на градот Мугла, а учествуваа повеќе од 450 пливачи од Турција, но и другите земји.
Натпреварувањето е одржано во туристичкото место Датџа, каде денеска беше сончев, но не и топол февруарски ден, со околу 15. степени Целзјусови. Пливачите се натпреваруваа на долга стаза од пет километри и помала од 1.5 километри.
На плажата во Датџа се собраа и бројни граѓани и туристи, кои со повремени аплаузи ги поддржуваа пливачите.