Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
АНКАРА (АА) - Турција упати критики до шведскиот екстремно десничарски политичар за палењето на муслиманската света книга, Куранот, и рече дека таквите „неонацистички движења довеле до зголемена исламофобија“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Повикувајќи на работа и соработка против каква било форма на расизам и антиисламска реторика, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, рече дека нападите врз џамиите и палењето на Куранот немаат никаква врска со слободата на изразување.
Расмус Палудан, водачот на екстремно десничарската група Страм Курс, во четвртокот запали примерок од светата муслиманска книга во јужниот шведски град Линкопинг, според извештаите на медиумите.
Палудан, исто така, се закани дека ќе запали копии од Куранот за време на екстремистичките собири.
По провокацијата, продолжија протестите во делови од земјата, објави шведскиот весник „Експресен“.
Три лица беа повредени во неделата во источниот шведски град Норчепинг, кога полицијата, наводно, пукала врз демонстрантите за време на протестите против палењето на светиот Куран.
Претходно Чавушоглу присуствуваше и на церемонијата за поставување камен-темелник на новата зграда на унгарската Амбасада во Анкара.