Gözde Bayar
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа вкупно 26 терористи на терористичката организација ПКК од почетокот на операцијата „Канџа-катанец“ во северен Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичката операција продолжува успешно според планираното“, се вели во соопштението на Министерството.
Според Министерството, новата операција била започната во понеделникот по извештаите дека терористичката група планирала да иницира напад од големи размери, и е во согласност со принципот на самоодбрана од Повелбата на ОН.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Турција.
Во 2020 година, Турција ги започна операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ во пограничните региони на северен Ирак за да се осигури безбедноста на турскиот народ и на границите.
Во својата на 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.