Haris Badzic
10 Октомври 2018•Ажурирај: 11 Октомври 2018
БРОД (АА) - Едно лице загина а деветмина се повредени во експлозија која се случи во кругот на Рафинеријата со нафта во Брод, во северниот дел на Босна и Херцеговина (Бих), синоќа околу 21,30 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди во изјава за АА, Драгана Керкез, портпаролката на Полициската управа Добој.
„Едно лице загина, а деветмина се повредени во несреќата која се случи во Рафинеријата на нафта Брод. Од девет повредени лица, три се обвинети на домашно лекување, додека шест лица се пренесени на пнатамошна претрага во болница во Добој“, изјави Керкез.
Причината за експлозијата е сеуште непозната, а отворена е истрага за неа.
„Увидот на местото на несреќата го раководи дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Добој заедно со припадниците на Полициската управа Добој, откако ќе бидат познати повеќе информации", изјави Керкез.
Пожарот кој изби по синоќешната ексолозија и се виде дури од соседна Хрватска, од Славонски Брод на левиот брег на реката Сава, е изгасен од пожарникарите.
Рафинеријата со нафта брод е единствена компанија за преработка на нафта и производство на нафтени деривати во БиХ. Основана е кон крајот на 19 век. За време на Југославија, беше во државно сопствеништво и доживеа најголема експанзија и ширење на производстово. Приватизирана е во 2007 година. Дејствува во рамките на ОПТИМА групата која е во сопственост на руската Зарубежњефт.