Dzihat Aliju
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
СКОПЈЕ
Во рамките на програмата „Размена на искуства“ организирана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), младите волонтери стигнаа во Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во координација на ТИКА и во соработка со Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), Институцијата за кредити и студентски домови (KYK), турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY), Агенцијата Анадолија (АА), Турската радио и телевизија (TRT) и Фондацијата за млади во Турција, оваа година се организира третата програма „Размена на искуства“. Во рамките на програмата, 11 студенти од различни универзитети во Турција ја посетија канцеларијата на ТИКА во Скопје.
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, ги информираше студентите за активностите на ТИКА низ целата земја, а исто така беа информирани и за тоа што ќе работат во рамките на програмата.
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајден, во изјавата за дописникот на АА, потсетувајќи дека во претходните години подготвиле програми со многу различни активности, рече дека оваа година програмата повеќе е насочена кон стручно оспособување на студентите.

Истакнувајќи дека студентите ќе имаат активности во џамиите од османлискиот период „Султан Мурат“ и „Алаџа“, кои се реставрираат од страна на ТИКА, Ајден наведе дека студентите поддржувајќи ги реставраторските работи ќе ги зголемат своите знаења и ќе можат да ги реализираат на терен.
Ајден, истакнувајќи дека студентите доаѓаат од одделенијата за градежништво и архитектура, нагласи: „Несомнено од големо значење за нив е да ја видат реставрацијата на овие две историски џамии и во иднина со искуството стекнато од тука да го започнат својот професионален живот.“
Ридван Јилдирим, координатор на Одделот за соработка со НВО при ТИКА, изјави дека студентите тука ќе се справат со практичните аспекти на нивното образование.
Наведувајќи дека ќе учествуваат претежно во активности за реставрација во Северна Македонија, Јилдирим нагласи: „Најголемиот дел од студентите за прв пат излегуваат надвор од земјата. Во таа смисла, тие ќе се здобијат со различно работно искуство поврзано со нивната професија и искуство на патување во странство.“
Наведувајќи дека студентите ќе работат како две одделни групи во џамиите „Султан Мурат“ и „Алаџа“, Јилдирим истакна дека ќе цртаат украси со моливи и ќе ја уредуваат околината.
По посетата на ТИКА, студентите го посетија и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.
Студентите во земјава ќе престојуваат до 4 август, имајќи можност одблизу да ги видат и другите активности на ТИКА.