Associated Press
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
АТИНА
Грчката крајбрежна стража соопшти дека во тек се операциите на потрага и спасување на патниците од јахта која потона кај островот Милос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на крајбрежната стража, Николаос Кокалас, изјави дека 17 патници биле на јахтата долга околу 30 метри.
Во операцијата на спасување вклучени се два хеликоптери, три патролни чамци на крајбрежната стража, приватен чамец и две блиски пловила, а Кокалас изјави дека од Егејското Море ги извлекуваат преживеаните.
Сѐ уште не е познато кои и од каква националност биле луѓето на јахтата, како и причината за потонувањето.