Kayhan Gül
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
БЕЛГРАД (АА) - Заради консултации околу односите меѓу двете земји, од амбасадата во Киев, главниот град на Украина, амбасадорот Раде Булатовиќ е повикан да се врати во Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение кое го издаде Министерството за внатрешни работи на Србија, српскиот амбасадор Булатовиќ е повикан на консултации во Белград во врска со односите меѓу двете земји.
Во соопштението се вели дека Србија е за изградба на добри односи со Украина, истакнувајќи дека тоа треба да се заснова врз принципот на заемно почитување. Освен тоа, од Србија истакнуваат дека нема да дозволат да бидат жртва на меѓународни односи кои не се од нејзин интерес.
Во соопштението се наведува дека министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ уште од самиот почеток на кризата во Украина покажал почит кон територијалниот интегритет на земјата.
Дачиќ во соопштението потсетува дека Србија прави значајни чекори за започнување судски процес против српските државјани кои се борат во Украина и на други места вон Србија.
Дачиќ истакнува дека украинските платеници во 90-тите години од минатиот век учествувале во војната меѓу Србија и Хрватска, помагајќи ѝ на хрватската војска. Тој додава дека Украина, за разлика од Србија, ниту еднаш не го осудила тој чин.
Амбасадорот на Украина во Белград, Олександар Александровиќ, на 3 ноември, преку социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) соопшти дека е повикан во Киев на консутации околу ситуацијата на српските платеници кои се борат во Украина.
Според вестите објавени во регионалните медиуми, во подрајето на Доњецк сѐ уште има околу 300 српски платени војници. За српските платеници се вели дека во Доњецк пристигнале преку Москва, а ги плаќа руската организација „Косовски фронт“.
Претходно, на двапати украинските власти на српските државни органи им доставиле листа на српски платеници кои се борат во Украина.