Andjelija Stojkovic
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска по состанокот со комесарката за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини, дека мисли дека Белград и Приштина тешко можат да се договорат, јавува Anadolu Agency (АА).
„Мислам дека тука е тешко било што да се договори. Во врска со тоа и говорев на госпоѓа Могерини. Што можеме да се договориме кога тие тука доаѓаат како претставници на независна држава, имаат поддршка од мнозинството на ЕУ, денеска влегоа во УЕФА надвор од правилата", рече Николиќ за РТС во Брисел во пресрет на состанокот со приштинската делегација.
Претседателот на Србија рече дека е проблем во тоа што знае дека на претставниците на Приштина на срце им е независно Косово, а на него Србија да има потполни ингеренции над тој дел на територијата, но дека ниту едното ниту другото не се возможни.
Тој рече дека Могерини свикала состанок и кажала дека се чувствува застој во дијалогот и дека постојат прашања за кои треба да се даде одговор бидејќи ситуацијата зовриела.
„Јас морав да говорам прв и да кажам што нам ни стои на душа- а тоа е несоодветното инсистирање на признавање на независноста на Косово", рече Николиќ.
Тој додаде дека ЕУ сака и да провери дали ќе дојде до нови судири на двете страни, но Николиќ рече дека и на Могерини и кажал дека нема место за судир.
„Првин треба да договориме однесување во следните случаи. Ние не реагиравме ниту со закани ниту со оружје, кога Албанците ја промовираа дури и голема Албанија", рече Николиќ и додаде дека натписите на возот не смеат да бидат причина за војна.
Дијалогот на Белград и Приштина денеска се одржува на најголемо политичко ниво. На состанокот дојдоа претседателите на Србија и Косово, Томислав Николиќ и Хашим Тачи и премиерите Александар Вучиќ и Иса Мустафа. Состанокот се одржува на повик на комесарката на ЕУ поради најновите тензии помеѓу двете страни.
Билатералните состаноци со Могерини започнаа денеска во 19 часот, а се очекува делегациите да се состанат подоцна вечерва.
Тачи рече дека состанокот е чекор кон признавање на независноста на Косово, додека премиерот на Србија рече дека разговорите за независноста на Косово не се можни, како ниту за повлекување на обвиненијата за воени злосторства.