Bedrudin Brlyavac
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
САРАЕВО (AA) - Со традиционално пукање од топ во 20:11 часот од сараевската Жолта табија е означен почетокот на месец Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).
Рамазанскиот топ во последните години стана вистинска атракција, како за жителите на Сараево, така и за бројните туристи.
Дополнителна убавина на овој настан му дадоа и бројните деца кои, носејќи балони во рацете, уживаа заедно со останатите кои следеа традиционално пукање од топ.
Првиот ден на постот на овогодинешниот месец Рамазан е во среда, 16 мај, а прва терави-намаз, заедничата ноќна молитва на муслиманите карактеристичка за месец на постот, се извршува вечерва.
Муслиманите во земјите на Балканот за време на Рамазан ќе постат меѓу 17 и 18 часа дневно.