Ekipa
24 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 718 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 256.996, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 14 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се осум лица починати во периодот од 12 до 22.01.2022 година. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.240.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.244 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 228.736.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 20.020.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.044 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања.