Elena Trenchevska Chekovic
02 Декември 2025•Ажурирај: 03 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Француските синдикати денес одржаа протести како дел од националните собири против предложениот буџетски план на француската Влада за 2026 година, јавува Анадолу.
Протестот во Лион, предводен од членови на разни мултисекторски синдикати, Општата конфедерација на трудот (ЦГТ), Обединетата федерација на синдикати (ФСУ) и Солидер, го критикуваа предлог-буџетот, нарекувајќи го „социјално неправеден“.
Синдикатите предупредија дека предложените мерки би можеле да го загрозат вработувањето во јавниот сектор и дополнително да ги оптоварат јавните услуги кои веќе се под притисок.
Синдикалните претставници изјавија дека демонстрациите ќе продолжат во наредните денови со цел да го зголемат притисокот врз Владата да го ревидира предлог-буџетот.
Се очекуваат прекини на јавниот превоз, на наставата во училиштата, работата на болниците и локалните администрации низ целата земја за време на националниот штрајк.