Admir Fazlagic
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Владата на Република Македонија од први јануари наредната година планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за финансии на Република Македонија Драган Тевдовски на денешната јавна дебата претставувајќи го Предлог-буџетот за 2017 година соопшти дека со зголемување на акцизата и ДДВ-то (данок на додадена вредност) цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари.
Според неговите зборови, причина за зголемување на акцизата се ЕУ- препоракаите за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
Како што истакна тој, и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе биде пониска во однос на регионот.
Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Буџетот за 2018 година кој денеска го претставуваат во Министерството за финансии ќе изнесува 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари и со тоа ќе има дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.