Ekipa
01 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Подготовките за Божиќ во главниот град на Белгија, Брисел, започнаа, улиците и зградите во центарот на градот се украсени и осветлени со сите нијанси, пишува Агенција Анадолија (АА).
На улиците отворени се и традиционалните божиќни панаѓури, поставени се и штандови за храна кои ги чекаат дегустаторите, нудејќи различни специјалитети меѓу кои и оние карактеристични за овој период од годината.
Централното место во Брисел за време на божиќните празници е Гран Плас, историскиот плоштад кој е една од најважните туристички атракции во градот. Посетителите задолжително се фотографиират покрај големата елка, рангирана меѓу најдобрите новогодишни елки во Европа.