Gökhan Gücüklüoğlu
25 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
СИНОП (AA) – Даниелe Вентола, кој пред шест месеци започнал да пешачи од Наполи, Италија, кон Кина, моментално се наоѓа во Синоп, на турскиот брег од Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Вентола за АА раскажа дека дневно пешачи околу 30 километри, а дека во најголем дел кампува кога прави паузи. Доколку временските услови не се најповолни, престојува во хотели и пансиони.
Вели дека во Турција дошол пред два месеца, и додава дека тука го поминал најубавиот дел од патувањето.
Среќен е што на патот до Синоп имал можност да се сретне со различни луѓе и да разговара со нив.

„Патувањето се одвива многу убаво, особено Турците се љубезни и пријателски расположени. Патувањето кое го почнав во Италија, следната година би требало да го завршам во Кина. Торбата е малку тешка и поради тоа некогаш е напорно, но сепак дневно пешачам и околу 30 километри“, рече Вентола.
Во Турција стекнал многу пријатели кои му помагаат во добивањето информации за местата кон кои оди.
Му се допаднал и Синоп, а особено е одушевен од историското наследство.
„Видов, го посетив, овој град е феноменален“, рече Вентола.