Fuat Kabakcı
05 Мај 2021•Ажурирај: 05 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 155 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 155.000.902 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 33.274.659 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (20.665.148), Бразил (14.860.812), Франција (5.680.378), Турција (4.929.118), Русија (4.839.514), Велика Британија (4.423.796), Италија (4.059.821), Шпанија (3.544.945), Германија (3.448.182), Аргентина (3.047.417), Колумбија (2.919.805), Полска (2.808.052), Иран (2.575.737), Мексико (2.352.964), Украина (2.090.986), Перу (1.818.689), Индонезија (1.686.373), Чешка (1.636.836), Јужноафриканската Република (1.586.148), Холандија (1.524.527) и Канада (1.249.950).
Како последица на вирусот во светот починаа 3.241.499 лица, регистрирани се 132.486.566 оздравени лица од вирусот, додека 19.272.837 лица се во процес на лекување.