Şerife Çetin
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
БРИСЕЛ
Во Белгија со новиот тип на Ковид-19 се заразени 70.314 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Институтот за јавно здравје на Белгија (Sciensano) покажуваат дека од 25 до 31 јули на дневна база со Ковид-19 во просек се заразени 517 лица. Тоа претставува зголемување од 60 отсто на бројот на заразени во однос на претходната недела.
Во Белгија, која има 11,4 милиони жители, со Ковид-19 се заразени 70.314 лица. Хоспитализирани се 22.
Од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја починаа 9.850 лица.
Со три нови случаи на заразување во старечки дом во Шарлроа, во карантин се наоѓаат две лица. На Ковид-19 се позитивни 18 лица, вклучувајќи и вработени.
Поради зголемувањето на бројот на заразени, Владата на Белгија воведе некои нови мерки. Во Антверпен, во кој е забележан значаен број на заразени, воведени се мерки на ограничување на движењето.
Ограничувањето се однесува на временски период меѓу 23 и 6 часот. Ова ограничување би можело да биде воведено и во другите градови, односно помали средини.