Ekip
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот суд денес по двонеделен притвор одреди ослободување на гувернерот на Ерусалим, Аднан Гаит, се вели во соопштението издадено од канцеларијата на гувернерот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гаит беше уапсен од страна на израелските сили по извршена рација во неговиот дом во Ерусалим на 19 јули.
Обвиненијата против гувернерот се нејасни.
Во соопштението се вели дека гувернерот ќе биде ослободен под услов да не комуницира со палестинскиот разузнавач во Ерусалим, Џихад ал-Факих, ниту со лидерот на групата Фатах во ал-Азарија, Сами Абу Галиа.