Ali Cura
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
МОСКВА
Според последните податоци, во Русија новиот тип на коронавирус (Ковид-19) е детектиран кај 861.423 лица, додека бројката на починати се искачи на 14.351, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.159 нови случаи на заразеност, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 861.423.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 144 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 14.351.
Во истиот период оздравеа уште 7.878 лица, со што вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 661.471.
Според соопштението издадено од страна на руската Служба за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите, во последните 24 часа извршени се 171.000 тестови, со што досега се спроведени над 29.200.000 тестирања во земјата.