Fuat Kabakcı
21 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина се откриени 11 нови случаи на Ковид-19, додека во Јужна Кореја се регистрирани 45 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека од вкупно 11 нови случаи три се регистрирани кај лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени е зголемен на 83.693, додека бројот на починати останал непроменет, односно 4.634.
Во земјата досега се излекувани 78.817 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
- Во Јужна Кореја бројот на случаи со Ковид-19 зголемен на 13.816 -
Од јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во текот на изминатиот ден се забележани 45 нови случаи на Ковид-19, од кои 25 кај лица кои допатувале од странство.
Соопштено е дека вкупниот број на заразени се зголемил на 13.816, а од вирусот во земјата досега оздравеле 12.643 заразени.
Досега вкупно 296 лица починале од последици предизвикани од Ковид-19.
Во последниот период во Сеул и околината најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај вработени во магацин на компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.