Sümeyye Dilara Dinçer
07 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Бројот на аплицирани вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4,4 милијарди, според веб-страницата за следење на вакцинацијата „Our World In Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина, каде што за првпат се појави вирусот, е на прво место во светот со администрирани над 1,76 милијарди вакцини.
По неа следуваат Индија со дадени 501,09 милиони и САД со 349,79 милиони дози вакцини.
Бразил има администрирано над 149,47 милиони, додека Јапонија 99,65 милиони дози вакцини.
По нив следуваат Германија со 94,27 милиони и Велика Британија со 86,01 милиони дози вакцини.
Турција досега има администрирано над 75,74 милиони вакцини, со што се наоѓа на деветтото место во светот.
Во светот досега се аплицирани над 4,4 милијарди дози вакцини против овој вирус.