Muhammet Nazım Taşcı
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АНКАРА
Во светот од пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се заразени над 4.300.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет страницата „Worldometer“ покажуваат дека Ковид-19 е потврден кај 4.300.615 лица во светот.
Најмногу заразени има во САД, 1.391.316. Следуваат Шпанија (269.520), Русија (232.243), Велика Британија (226.463), Италија (219.814), Франција (177.423), Германија (172.812), Бразил (170.582), Турција (139.771) и Иран (110.767).
Во Кина, земја во која изби заразата, се потврдени 82.919 случаи на заразување.
Земјите во кои се потврдени повеќе од 20.000 се Индија (73.981), Канада (69.981), Перу (68.822), Мексико (36.327), Пакистан (32.674), Швајцарија (30.380), Чиле (31.721), Еквадор (29.509), Португалија (27.913), Шведска (27.272), Катар (25.149), Белорусија (24.873), Сингапур (24.671) и Ирска (23.135).
Новиот тип на коронавирус изби во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а се прошири на повеќе од 200 земји и региони.
Во светот од последиците на заразата починаа 289.345 лица, а оздравеа 1.547.274.
Моментално се активни 2.463.996 случаи на заразување.