Barış Seçkin
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
РИМ
Во последните 24 часа во Италија од последиците на Ковид-19 починаа 172 лица, со што вкупниот број на починати е зголемен на 30.911, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија објави најнови податоци во врска со пандемијата на Ковид-19 во земјата.
Бројот на нови активни случаи вчера падна за 1.222, па сега бројот изнесува 81.266. Истовремено, бројот на излекувани се зголеми за 2.452, достигнувајќи вкупно 109.039.
Од почетокот на пандемијата во Италија на Ковид-19 беа позитивни 221.216 лица.
Продолжува да опаѓа и бројот на пациентите на одделите за интензивна нега. Од 999, колку што имаше во понеделник, сега тој број изнесува 952.
Во Италија досега се тестирани 2.673.655 лица.
Во областа Ломбардија, која е најтешко погодена од епидемијата, во последните 24 часа починаа уште 62 лица.