Büşra Selvi Öğütcen
29 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати во Кина од новиот вид коронавирус, Ковид-19, се искачи на 3.300, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според јавувањата на новинската агенција „Синхуа“, засновани на кинеската Национална комисија за здравство, се наведува дека од коронавирусот уште 5 лица починале во покраината Хубеи, каде што се појави Ковид-19.
Со тоа, бројот на луѓе кои починаа од вирусот во земјата достигна 3.300.
- Бројот на потврдени случаи зголемен -
Комисијата објави дека во земјата се идентификувани 45 нови случаи, од кои 44 се од странство.
Со последните дијагностицирани, бројот на случаи во Кина се искачи на 81.439.
Се наведува дека единствениот домашен случај на Ковид-19 потекнува од покраината Хенан во централниот дел на земјата.
Во Кина досега од Ковид-19 излекувани се 75.448 лица.
Коронавирусот за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, кинеската покраина Хубеи, и за кратко време се рашири низ целата земја и светот.