Ata Ufuk Şeker
29 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија соопшти дека ќе биде подготвен нов економски пакет против ефектите од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, најави дека заради Ковид-19 ќе предложат измени и дополнувања на нацртот за Мултигодишната финансиска рамка (MFF), што го вклучува буџетот на Унијата за периодот 2021 - 2027 година.
Истакнувајќи дека идниот буџет ќе вклучува економски пакет, Фон дер Лејен рече дека исто така работат на тоа постојните структурни фондови на ЕУ да бидат целосно флексибилни со цел брзо да ги поддржат земјите членки во кризата предизвикана од Ковид-19.
Тековната приближна финансиска рамка на Европската Унија (ЕУ) од 1 билион евра го покрива периодот 2014 - 2020 година.
Преговорите за буџетот на ЕУ за периодот 2021 - 2027 година се очекува да завршат оваа година.
Одлуката за долгорочниот буџет на ЕУ е донесена едногласно од Советот на ЕУ на земјите членки и Европскиот парламент (ЕП).