Sayed Khodaiberdi Sadat
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
КАБУЛ
Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека талибанците го прекршиле прекинот на огнот за време на Курбан-бајрам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тарик Арјен, портпаролот на Министерството, потсети дека талибанците и Владата постигнале договор за прекинот на огнот за време на Бајрам, меѓутоа, талибанците тој договор го прекршиле 38 пати.
Арјен истакна дека во нападите на талибанците за време на бајрамските празници загинале 20 цивили, а 40 се ранети.
Тој нагласи дека талибанците спровеле бомбашки и вооружени напади. Арјен порача дека талибанците на овој начин не го исполниле ветеното.
Талибанците не се огласија во врска со овие наводи.