Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС/ АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.352 лица во Бразил, 1.092 во Индија, 751 во Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Бразил, која е втора најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирусот, во последните 24 часа животот го загубија 1.352 лица како последица на заразувањето со Ковид-19.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, досега, од последици предизвикани од заразувањето со коронавирусот, животот го загубиле 109.888 лица, од кои 1.352 во последните 24 часа.
Во последното деноноќие бројката на заразени е зголемена за 47.784, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 3.407.354.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 711.530 заразени со коронавирусот и 27.315 смртни случаи.
Досега во земјата оздравеа 2.554.179 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се смета како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Мексико
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од последици на заразувањето со Ковид-19, животот го загубиле 751 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 57.774.
Бројката на лица позитивни на коронавирусот во Мексико изнесува 531.239, од кои 5.506 се детектирани во последните 24 часа.
Досега во оваа земја од Ковид-19 оздравеа 363.307 заразени.
- Индија
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 1.092 лица починале како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 52.889.
Во последните 24 часа детектирани се 64.531 лицe позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 2.767.273. Досега во Индија оздравеа 2.037.870 лица кои биле заразени со Ковид-19.
Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во светот, Индија е трета земја во светот според бројот на детектирани случаи на заразување со Ковид-19, по САД и Бразил.