АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека со длабока тага и загриженост е примена веста за оставката на претседателот на Мали, Ибрахим Баубакар Кита, како резултат на пучот извршен вчера од група во Вооружените сили на Мали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се подвлекуваат очекувањата во пријателската и братска земја Мали повторно да се воспостави внатрешниот мир, безбедноста и стабилноста, за итно ослободување на претседателот Кита и другите високи функционери, и што е можно поскоро враќање на уставниот поредок во земјата.
„Со длабока тага и загриженост ја примивме оставката на претседателот на Мали, Ибрахим Баубакар Кита, како резултат на пучот од страна на група во Вооружените сили извршен вчера“, се наведува во соопштението.
Во него се истакнува дека Турција дава поддршка на напорите на Обединетите нации (ОН), Африканската унија и Економската заедница на државите од Западна Африка (ECOWAS) дадени за таа цел.
„Турција, во овој тежок период низ кој минува Мали ќе продолжи да биде заедно со пријателската и братска земја“, се додава во соопштението.
Од воената база во Кати, во близина на главниот град Бамако, вчера наутро беа забележани како воени возила движат кон главниот град. Армијата во земјата е поделена на два дела, покрај побунетите војници имало и војници кои постапувале по наредбите на претседателот Кита.
Исто така, упасени се и претседателот на Парламентот Муса Тимбине, министерот за економија и финансии Абдулаи Дафе и министерот за надворешни работи, Тиебле Драме.
Претседателот Кита, кој вчера попладне беше уапсен од група војници и однесен во базата во Кати, во кусото обраќање преку државната телевизија соопшти дека поднесува оставка и дека го распушта Парламентот и Владата.
Опозициските групи од мај организираат демонстрации, барајќи оставка на Кита.
Африканската унија и Економската заедница на државите од Западна Африка (ECOWAS) му понуди на Кита да седне на преговарачка маса со опозицијата, но опозицијата предлогот го отфрли.
Платформата M5 RFP, која е формирана од опозициски политички партии и многу невладини организации, соопшти дека ќе ги продолжи своите активности сè додека Кита не поднесе оставка.