İhvan Radoykov
10 Декември 2016•Ажурирано: 10 Декември 2016
СОФИЈА (AA) - Најмалку четири лица загинаа во експлозија која се случи во товарен воз кој превезувал природен гас во Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според јавувањата на локалните медиуми, експлозијата се случи во селото Хитрино на северозападот на земјата, загинаа четири а ранети се 23 лица.
Возот е во сопственост на една приватна компанија, а по експлозијата од шините излегоа седум вагони. Експлозијата нанесе штета на повеќе од 20 стамбени објекти а евакупирано е населението од куќите кои се наоѓале во близина на местото на експлозијата.
Од Противпожарникарна служба наведоа дека на местото на експлозијата се уаптени повеќе од 100 противпожарникарни возила.