Anees Suheil Barghouti
11 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел ги распоредил своите сили по должината на границата со Сирија и ги ставил во состојба на готовност поради загриженост од евентуална одмазда на Иран поради воздушниот напад врз воздушната база во Сирија, јавуваат локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Голем дел од воениот персонал на Иран е убиен во воздушниот напад врз воздушната база „Тијас“ во западната област Хомс.
Додека Русија, Иран и Сирија го обвинија Израел за извршување на нападот, Тел Авив одби да коментира.
Според либанскиот новински канал „Ал Мајадеен“, вчера ирански официјален претставник изјавил дека воздушниот напад нема да остане без одговор.
Израелскиот дневен весник „Хаарец“ (Haaretz) денес напиша дека израелската Армија ги распоредила своите сили по должината на северната граница и ги ставила во состојба на готовност во пресрет на заканата од Иран.
Кабинетот за безбедност на Израел денес треба да одржи состанок на кој ќе се дискутира за ситуацијата во близина на северната граница на Израел.
Додека Техеран го гледа Израел како свој најголем непријател, еврејската земја смета дека треба Иран да се спречи во извршувањето нуклеарно заплашување.