Yasemin Kalyoncuoğlu
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турската фондација „Дијанет“ (ТДВ), Мехмет Саваш Полат, истакна дека по повод Курбан бајрам во Турција и во уште 145 земји во светот поделиле курбани на лицата на кои помошта им е потребна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Фондацијата „Дијанет“ организираше активности за колење и делење курбани во 280 градови на Турција, како и на 436 локации во 145 земји. Курбаните ги подарија донатори, а со активностите што ги организираа нашите вработени и волонтери, им се поделени на оние на кои им е потребна помош“, наведе Полат во соопштението.
Истакна дека курбаните им се поделени на сириските бегалци што се наоѓаат во Турција, на бегалците во Чад, Нигер, Бангладеш, Малезија и Пакистан, како и на други лица од Африка, Балканот, па сè до Латинска Америка.