Ekipa
21 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
ВАСИЛЕВО (АА) - Турската Црвена полумесечина во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, Здружението на Турците од Источна Македонија, и Здружението „Мерхамет“, по повод празникот Курбан бајрам денеска во Општина Василево закла дел од планираните 2.100 курбани, кои потоа беа поделени во Источна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA)
Во оваа пригода учествуваа претставници и волонтери на турската Црвена полумесечина, како и волонтери на Црвениот крст на Македонија.

Ахмет Ербил, претседателот на екипата на Црвената полумесечина за колење курбан во Македонија, во изјава за АА истакна дека Црвената полумесечина од 1869 година, односно веќе 150 години работи во насока на помагање на луѓето во светот.
Тој информираше дека веќе 11 години во светот и во Турција колат курбани и месото им го делат на лицата што имаат потреба. Според него, оваа година ќе колат курбани за околу 85.000 лица во 40 земји на 4 континенти.

Како што рече тој, курбанско месо ќе поделат и за лицата што имаат потреба низ Македонија.
„Турската црвена полумесечина, која е најголемата хуманитарна организација во Турција, како и една од најистакнатите во светот, оваа година ќе коле курбан во балканските земји Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија, Молдавија, Романија и Србија“, рече тој, додавајќи дека ќе колат курбани и во голем број земји во Азија, Средниот Исток и Африка.

Турската Црвена полумесечина на првиот, вториот и третиот ден од Курбан бајрам ќе подели месо од 2.100 курбани за 8.400 семејства во Источна Македонија.