Zehra Ulucak
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Научниците утврдиле дека високото ниво на витаминот Д го зголемува кардиореспираторниот фитнес (способност на кардиоваскуларниот и респираторниот систем со кислород да ги снабдуваат мускулите), кој е мерка за ниво на аеробна издржливост, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите ги анализирале податоците собрани од 2.000 лица на возраст од 20 до 49 години, кои биле дел од едно национално истражување за здравство на САД во периодот од 2001 до 2004 година.
Кај учесниците на истражувањето измерени се нивото на витаминот Д во крвта и максималното количество кислород (VO2Max), кое може да се користи за време на вежбање.
Истражувачите ги поделиле испитаниците во пет групи според нивото на витаминот Д во крвта, при што е забележано дека кај лицата со највисоко ниво на витаминот Д, вредноста на VO2Max е за три единици повисоко од оние со најниско ниво.
Во истражувањето е утврдено дека високото ниво на VO2 придонесува за добивање на уште повисок кардиореспираторен фитнес.
Освен тоа, во истражувањето е утврдено и дека со зголемувањето на нивото на витаминот Д се зголемува и VO2max.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „European Journal of Preventive Cardiology“.