Esra Tekin
16 Декември 2023•Ажурирај: 17 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган вчера разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед ал Нахјан за ситуацијата во Газа, каде во израелските напади од 7 октомври досега се убиени повеќе од 18.800 Палестинци, пренесува Анадолу.
Двајцата лидери телефонски разговараа за израелските напади на Газа, обидите да се воспостави траен прекин на огнот, напорите на Туркије да им достави хуманитарна помош на Палестинците и да се обезбеди мир, се вели во соопштението на Дирекцијата а комуникации при канцеларијата на турскиот претседател.
Претседателот Ердоган рекол дека е важно да се запре Израел и да продолжат напорите за постигнување траен прекин на огнот.
Тој нагласи дека за да се обезбеди мир во регионот, потребно е во потполност да се имплементираат одлуките донесени на заедничкиот самит на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига, а иницијативите за зголемување на поддршката на меѓународната заедница за Палестина мораат да продолжат во „духот на единството.“