Ekip
18 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Организацијата „Муслиманско братство“ (Ихван) тврди дека првиот претседател на Египет, избран на демократски начин, Мухамед Морси, бил убиен со умисла, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на „Муслиманско братство“ се вели дена Морси бил убиен со умисла, и се упатува апел за формирање на меѓународна истражна комисија во врска со смртта на Морси.
Според ова соопштение, Морси ги бранел правата на египетскиот народ во судницата, и станал шехид.
„Морси беше задржан во самица под многу тешки услови, и бил оставен да умре, лишен дури и од најосновните права како лекување. Администрацијата на Египет е одговорна за неговата смрт“, се додава во ова соопштение.
„Муслиманско братство“ ги повика на должност Обединетите нации (ОН), како и другите организации за човекови права, и побара да се врши притисок врз египетскиот режим, со цел да се стави крај на бавната смрт која настапува како резултат на медицинската небрежност кон затворениците во затворите во Египет.
Египетската државна телевизија вчера соопшти дека Морси се онесвестил и починал во судницата.