Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека доколку Северна Кореја се откаже од нуклеарното оружје може да биде една од најголемите економски сили во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп на својот твитер-профил, нагласувајќи дека Северна Кореја „има побрз потенцијал на раст од која било друга земја во светот“, се осврна и на самитот со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, што ќе се одржи во Виетнам.
„Ние двајцата очекуваме напредокот од самитот во Сингапур да продолжи континуирано. Претседателот Ким, без да има нуклеарно оружје, неговата земја во кое било место во светот може да биде една од најголемите светски сили, тој тоа добро го знае. Благодарение на местоположбата, народот и (тој самиот) има потенцијал за побрз раст од која било друга земја во светот“, напиша Трамп.
Доналд Трамп, на еден настан каде што присуствуваа гувернерите истакна дека со Ким има „многу, многу добри односи“, додавајќи дека не се брза за тоа Северна Кореја да се ослободи од нуклеарното оружје.
Во меѓувреме, Трамп и Ким треба да се состанат на 27-28 февруари во Виетнам. Соопштено е дека безбедноста ќе биде зголемена на највисоко ниво.
Виетнамскиот заменик-министер за надворешни работи, Ле Хоаи Трунг, во изјавата за медиумите истакна дека „безбедноста ќе биде зголемена на највисоко ниво“. Министерот за информации, Нгујен Манх Хунг, рече дека се очекува од 40 земји да пристигнат 3.000 новинари за самитот. Тој исто така нагласи дека новинарите ќе бидат безбедни „како член на семејството“.
Трамп и Ким, за прв пат во историјата се сретнаа на 12 јуни 2018 година на самитот во Сингапур и потпишаа еден сеопфатен договор.
Лидерите ќе се состанат на самитот во Виетнам што ќе се одржи на 27-28 февруари.