Ekipa
23 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
КАБУЛ (АА) - Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, именуваше нови министри за внатрешни работи и за одбрана, а двајцата нови министри се поранешни челници на авганистанската разузнавачка служба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гани за министер за внатрешни работи на Авганистан го именуваше Eмрула Салех, а за функцијата министер за одбрана, го именуваше Асадилах Калид.
Салех и Калид се познати по својата остра реторика кон соседен Пакистан. Двајцата ја обвинуваат пакистанската Влада за поддршка на талибанските милитанти и од официјален Кабул бараа Пакистан да се прогласи за земја која спонзорира тероризам.
Нивното именување треба да го одобри и авганистанскиот Парламент.
Аналитичарите сметаат дека именувањето на новите министри би можело да ги закомпликува плановите на САД, кои водат мировни преговори со талибанците пред најавеното повлекување на 7.000 американски војници од Авганистан. Пакистан е учесник во овој процес.