Gözde Bayar
04 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ЈЕМЕН
Обилни врнежи од дожд утринава предизвикаа поплави во источен Јемен во кои загинаа 17 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од кабинетот на Министерството за здравство се вели дека има осум деца меѓу загинатите во јеменската покраина Мариб.
Сите болници во регионот се во состојба на готовност.
Јеменската влада ги повика ОН да им помогнат на оние кои се погодени од поплавите во неколку покраини во земјата.
Јемен е средиште на судири и насилства од 2014 година, кога проиранското бунтовничко движење на Хусите ја презеде контролата врз поголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа воздушни напади против Хусите во Јемен, поддржувајќи ја просаудиската власт.
Во текот на петгодишниот конфликт, според податоците на ОН, илјадници цивили загинаа, а 3,65 милиони лица се внатрешно раселени.
На речиси половината од над 30 милиони луѓе во Јемен им е потребна итна помош за да ги одржат или спасат своите животи.
Светската програма за храна вели дека и покрај постојаната хуманитарна помош, најмалку 15,9 милиони луѓе се будат гладни секој ден.
Се проценува дека во отсуство на помош од храна, овој број би се искачил на 20 милиони.