Sarp Özer
11 Јануари 2022•Ажурирај: 12 Јануари 2022
АНКАРА
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, изјави дека турските сили во последните три дена неутрализирале најмалку 22 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар одговори на прашањето на новинарот на АА за операциите покренати по терористичкиот напад на ПКК во Акчакале, во близина на Шанлиурфа извршен на 8 јануари, во кој тројца турски војници загинаа.
„Овие напади, кои се планирани надвор од нашите граници, ја надминуваат точката на нашата толеранција“, нагласи Акар и додаде:
„Крвта на нашите шехиди не е и нема да остане неосветена. Ние силно ги гаѓавме целите на ПКК/ЈПГ и ќе продолжиме да ги целиме. До денес, 22 терористи се неутрализирани. Очекуваме тој број да се зголеми“.
Тој нагласи дека операциите ќе продолжат со уште поголемо темпо.
„Господ повторно да ги помилува нашите шехиди, изразуваме сочувство до нивните семејства, турските вооружени сили и нашиот сакан народ“, заклучи Акар.