Gülşen Topçu
30 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
АЛЖИР (АА) - Во Алжир локалните избори ќе се одржат на 27 ноември, една година порано отколку што беше првично планирано, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Кабинетот на претседателот на државата.
„Претседателот на републиката, Абделмаџид Табоун, во сабота на 28 август 2021 година потпиша претседателски декрет со кој го свикува гласачкото тело на предвремени избори за општинските и покраинските совети, што се закажани за сабота, 27 ноември, 2021 година“, се наведува во соопштението.
„Претседателскиот декрет исто така предвидува и ревизија на изборните листи во период од 5 до 15 септември“, се додава во ова соопштение.