Tayfun Salcı
03 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Според анкетата спроведена во Велика Британија, 69 отсто од припадниците на малцинствата сметаат дека во земјата е присутен расизмот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Aнкетата направена со 1000 припадници на малцинствата и 1.797 лица од белата раса за весникот „Гардијан“ (The Guardian), 69 отсто од малцинствата се изјасниле дека има проблеми поврзани со расизмот, а 43 отсто од испитаниците сметаат дека редовно се дискриминирани.
Според анкетата, 53 отсто од припадниците на малцинствата сметаат дека се дискриминирани поради косата, облеката и севкупниот изглед. Овој процент кај испитаниците од белата раса е 29 отсто.
Истражувањето, кое се фокусира на искуствата од секојдневниот живот на црномурестото население и етничките заедници од Азија, 43 отсто од припадниците на малцинствата сметаат дека во последните 5 години се игнорирани на работните места и за нив нема напредок во функцијата, а процентот на белци што размислуваат дека се игнорирани изнесува 18 отсто.
- Шеесет и два проценти намерно се задржувани од обезбедувањето на аеродромите -
Триесет и осум отсто од припадниците на малцинствата изјавиле дека во последните 5 години се осомничени за кражба во продавниците, 37 отсто без причина се запрени од полицијата, додека 62 проценти намерно се задржувани од обезбедувањето на аеродромите.
Педесет и пет отсто од испитаниците се изјасниле дека се нашле во ситуација да бидат гледани како персонал во продавниците, а не како муштерии, 57 проценти сметаат дека за да бидат успешни треба да работат повеќе од другите, додека 40 проценти мислат дека заработуваат помалку од другите.
Од анкетираните припадници на етничките малцинства, 50 отсто сметаат дека во јавниот превоз се избегнува да се седи покрај нив, 55 отсто дека се исклучени од социјални настани, 72 отсто мислат дека биле изложени на грубо однесување во рестораните, а 60 отсто истакнале дека се исмејуваат со нивните имиња.
Во Велика Британија од вкупно 66 милиони жители, 8 милиони и 500 илјади припаѓаат на етничките заедници. Поголем дел од нив припаѓаат на народите од поранешните империјални колонии на земјата.