Yusuf Hatip
03 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Во Франција, по демострантите со „жолти елеци“ на улиците излегоа и вработените во службата за итна медицинска помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Вработените во итната медицинска помош со амбулантните возила се собраа во близина на Националното собрание во Париз и побараа подобрување на условите за работа.
На местото на протестите сообраќајот беше прекинат, а демонстрантите запалија и автомобилски гуми.
На протестите беа носени натписи „Државата ме уби“, и беа извикувани слоганите „Макрон оставка“.
Поради протестите, безбедносните сили во околината презедоа зајакнати безбедносни мерки.