Sayed Khodaberdi Sadat
31 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Еден американски војник, кој служел во рамките на НАТО во Авганистан, починал за време на операција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на силите на НАТО во Авганистан, еден американски војник починал за време на операција реализирана на 29 август оваа година.
Инаку, на 21 август во авганистанската северна покраина Фарјаб, беа убиени двајца американски војници.
Идентитетот на овие војници не беше откриен, а исто така не беа дадени информации за тоа во кое место и кога загинале овие војници.
Во Авганистан сè уште има околу 14.000 американски војници.
Администрацијата на САД на крајот од можниот мировен процес со Талибанците планира да ја зголеми оваа бројка на војници.