Emel Öz
21 Април 2022•Ажурирај: 26 Април 2022
АНКАРА (АА) - Во атентат животот го загуби Џиту Чаудари, еден од лидерите на владејачката Народна партија на Индија (Bharatiya Janata Party), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, Чаудари бил застрелан пред својот дом во областа Мајур Вихар во Делхи.
Чаудари кој бил тешко ранет, починал во болницата во која е пренесен.
Во тек е истрага во врска со инцидентот.