Burak Dağ
21 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
АНКАРА (АА) - Утринава во главниот град на Украина Киев се слушнаа звуците на сирените, додека нападите на руските сили се интензивираа во источниот регион Донбас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Украинското Министерство за одбрана на 2 април објави дека Украина повторно го зазела целиот регион Киев од руските сили.
Претходно оваа недела, украинскиот претседател Владимир Зеленски го објави почетокот на новата руска офанзива во источна Украина.
„Сега може да се каже дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време. Многу голем дел од целата Руска армија сега е фокусирана на оваа офанзива“, рече тој во видеообраќањето.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во вторникот изјави дека Русија ја започнала втората фаза од својата „специјална воена операција“ во Донбас.