Zehra Ulucak
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ЛУКНАУ (AA) - Најмалку 34 лица загинаа во бура која ја зафати северна Индија, откорнувајќи дрвја кои паѓаа на куќите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека во изминатите 48 часа на подрачјето Џарканда загинале 12, во Утар Прадеш 10 и во Бихар 12 лица.
Од последица на рушење на ѕидовите на станбените објекти се повредени голем број граѓани, а некои делови се без електрична енергија.
Северна Индија во изминатите неколку недели во неколку наврати е погодена од обилни дождови и силни ветрови, вклучувајќи ја и бурата во која загинаа 134 лица, но и друга која однесе 43 животи.